Шарапова ја декласираше Питерсон и закажа меч со Возњацки

Руската тенисерка Марија Шарапова се пласираше во третото коло на Австралијан опен, откако ја декласираше Ребека Питерсон со 6-2 и 6-1.

Натпреварот траеше 71 минута, а Русинката направи пет брејкови, додека Швеѓанката немаше ниту една шанса да направи брејк на противничкиот сервис.

Шарапова во следното коло ќе се бори против поранешната најдобра тенисерка во светот, Каролин Возњацки, која го брани трофејот во Мелбурн.