Серена за само еден час ја „збриша“ Стрицова за 11. финале на Вимблдон!

Американката Серена Вилијамс, задутре, против Симона Халеп (Романија) ќе го одигра своето 11. финале на Вимблдон, откако попладнево за само еден час ја „збриша“ Барбара Стрицова (Чешка) со 6-1, 6-2 во второто полуфинале на третиот годинешен гренслем-турнир.

Ветеранката немаше апсолутно никакви проблеми, доминирајќи од првиот до последниот момент од мечот. Вилијамс в сабота ќе се обиде да дојде до осмата титула на Вимблдон, прва по 2016 година кога последен пат славеше на неофицијалното тениско светско првенство.

Таа во пресметката со Халеп влегува како огромен фаворит со оглед што само еднаш загубила во сите досегашни пресметки со Романката.