Серена за 71 минута ја суреди Бушар во Мелбурн

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во трето коло на Австралијан опен, откако без многу мака ја совлада Ежени Бушар со 2-0 во сетови (6-2 и 6-2).

Поранешната шампионка во Мелбурн ја совлада Бушар за само 71 минута, па сега води со 3-1 во меѓусебните дуелите.

Во првиот сет беа забележани дури шест брејка, односно два повеќе освои Вилијамс и така стигна до 6-2. Додека во вториот сет Американката не загуби ниту еден гем на свој сет, па повторно со 6-2 се пласираше во следното коло.