Серена: Никогаш не сум мислела деќа ќе се омажам за белец

Серена Вилијам, американската тенисерка, изјави дека помеѓу белци и црнците постојат многу разлика и дека никогаш не размислува да се омажи за белец.

Серена се омажи за Алексис Оханиан во 2017 година, а како што таа вели, многу ја изненадило тоа што се омажила за белец.

„Јас сум спортист, тој е бизнисмен. Јас сум црна, тој е бел. Ние сме тотални спротивности, но мислам дека совршено се дополнуваме“, изјави Вилијамс во интервју за Њујорк тајмс.

Серена со Оханиан неодамна добија дете и сѐ уште не успева да му се врати комплетно на тенисот. Нов обид ќе има на Ролан Гарос, каде нејзиното учество е потврдено.

„Интересно е тоа. Никогаш не сум помислила дека ќе се омажам за белец, така да тоа покажува дека љубовта не познава за „бои“, а ми ја покажува и важноста за тоа што претставува љубовта“, заклучи Вилијамс.