Серена: Халеп играше како „луда“

Романката Симона Халеп ја освои својата прва титула на Вимблдон, откако за помалку од еден час игра ја совлата Американката Серена Вилијамс со 6:2, 6:2. 

Со ова вилијамс уште еднаш не успеа да го израмни рекордот на Маргарет Корт од 24 грен слем титули.

 Ова беше мојот најдобар меч. Мајка ми отсекогаш сонувала за ова. Тој ден дојде и таа беше тука, рече 27-годишната Романка, која лани славеше на Ролан Гарос.

Вилијамс го загуби третото големо финале во последните 12 месеци.

Симона играше како луда. Секој пат кога противникот игра така неверојатно, можеш само да му симнеш капа, призна Американката.