Серена гази - десеттo финале на Вимблдон!

Серена Вилијамс, седумкратната шампионка на Вимблдон, се пласираше во финалето на Вимблдон, откако во два сета ја победа Јулија Гергес.

Вилијамс, која годинава се врати по породувањето, славеше со резултат 2-0 со што обезбеди 10 финале на овој најпрестижен турнир на кој ќе ја брка 24 грен слем титула. Американката славеше со 6-2, 6-4 и на тој начин и донесе Топ 30 пласман на ВТА листата, пласман кој може дополнително да се подобри (Топ 20) ако изрвојува победа во финалето против Кербер.

Мечот беше израмнет само до 2-2 во првиот сет, по што Вилијамс освои четири гејма во низа и поведе со 1-0 во сетови. Потоа следеше брејк и доминација на Серена, која во првите четири гејма на свој сервис во вториот сет и дозволи на Гергес само еден единствен поен. Германката собра сили, па при 5-3 направи брејк, но потоа следеше брејк и на Серена, за конечни 6-2, 6-4 и пласман во големото финале.

На Серена за десеттото финале на Вимблдон ѝ беа потребни само 72 минути игра и во него ќе се сретне со Анџелик Кербер, која во првиот меч ја доби Јелена Остапенка со 6-3, 6-3 за 67 минути игра. Ова за Германката ќе биде второ финале во Лондон во последните три години.