Сензација во Мелбурн: Серена Вилијамс елиминирана од Австралијан опен

Една од најдобрите тенисерки во историјата, Американката Серена Вилијамс беше елиминирана во третото коло на првиот гренслем-турнир во сезоната Австралијан опен со 1-2 во сетови, односно 4-6, 7-6 и 5-7 од Кјанг Ванг.

Вилијамс даде голем отпор во текот на целиот натпревар, но испушти некои шанси на натпреварот, па тоа знаеше да го казни тенисерката од Кина.

Освен неа од турнирот беа елиминирани и Каролина Возњацки, која загуби со 1-2 во сетови, а Медисон Киз беше поразена од Марија Сакари со 0-2 во сетови.