Се пласираше во осминафинале, нема спонзор, а сака да го урне Ѓоковиќ од врвот на АТП!

Американскот тенисер Максим Креси е најголемо изненадување на Австралијан опен оваа година, откако се пласираше во осминафиналето на гренслем-турнирот во Мелбурн, иако беше аутсајдер пред почетокот.

Америкенцот досега ги елиминираше Џон Иснер, Томаш Махач и Кристофер О’Конел, по што си обезбеди дуел против Данил Медведев.

„Би сакал да играм на било кој терен. Возбуден сум што ќе се соочам со Медведев, верувам дека можам да одиграм достоен натпревар“, вели Креси.

Креси е 24-годишно момче, кое е родено во Париз, но потоа се преселил во САД и земал американско државјанство. Досега успеал да заврши факултет и откри дека не размислувал да се занимава со тенис.

„Мојот план да бидам професионалец почна во првата година од факултетот. Претходно не размислував за такво нешто. Сепак, знаев дека можам брзо да напредувам и немам повеќе сомнеж во тоа“, кажа Американецот.

Интересно е тоа што досега нема ниту еден спонзор.

„Немам спонзор, сè уште чекам, но трпелив сум. Тешко е во овие времиња на пандемија да се направи некаков договор, но сакам да се стигнам до топ-10“, вели младиот тенисер.

Талентираниот тенисер кажа и дека сака да го нападне врвот на светскиот тенис, а притоа да го урне Новак Ѓоковиќ од тронот.

„Да, сакам да стигнам до првата позиција. Имам самодоверба. Мојот стил е таков што можам да победам било кого. Имам голема дисциплина и одлична рутина“, кажа амбициозниот Американец.