Се комплетира големата четворка: Зверев е третиот полуфиналист на Австралија опен!

Германскиот тенисер Александeр Зверев е третиот полуфиналист на првиот годинешен гренслем-турнир Австралија опен, откако рано утринава по нешто повеќе од два часа го совлада Швајцарецот Стен Вавринка (1-6, 6-3, 6-4, 6-2).

На еден од носителите на новиот бран во светскиот тенис ова е прв пласман меѓу четворицата најдобри на еден гренслем-турнир, каде што вчера се најдоа Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ. Противник на Зверев на патот кон големото финале ќе биде подобриот од денешното последно полуфинале помеѓу Рафаел Надал и Доминик Тим.