Саудијците направија спектакуларна филмска најава за тенискиот турнир на „Шесте кралеви“ (ВИДЕО)

Во Ријад, Саудиска Арабија од 16 до 19 октомври ќе се одржи егзибициски турнир кој е наречен „Слемот на шесте кралеви“, на него ќе настапат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне.

Ова е неофицијален турнир, па тенисерите не добиваат никакви бодови, но добро ќе ги наполнат своите трансакциски сметки. Имено, на секој од шесте играчи му се гарантирани минимум 1,34 милиони евра, тоа се пари само за учество.

Победникот на турнирот ќе заработи фантастични 5,4 милиони евра.

Погледнете ја и спектакуларната најава која ја направија Саудијците за овој турнир.