Роналдо го гледаше Ѓоковиќ, но не знае да фати тениско топче (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо слободниот ден по дербито Милан - Јувентус реши да го искористи да „тркне“ до Лондон и да го проследи тенискиот меч на Новак Ѓоковиќ и Џон Изнер во рамки на завршниот мастерс турнир. 

Беше во присуство на неговата поубава половина Георгина и неговиот најстар син Кристијано Џуниор. Едно топче заврши кај нив во ложата, но фудбалерот не се снајде баш најдобро, односно не покажа добар рефлекс. Дефинитивно со нога подобро се снаоѓа.