Романката Халеп прва финалистка на Вимблдон

Романската тенисерка Симона Халеп е прва финалистка на Вимблдон, откако денеска во два сета ја победи Елена Свитолина во првото полуфинале на неофицијалното светско тениско првенство.

На Халеп и требаа 74 минути за да ја победи Свитолина, па во двата сета и препушти само четири гема на противничката за да стигне до финалето, триумфирајќи со 6-1, 6-3 и сега за завршниот меч и битката за трофејот ќе го чека победникот од дуелот Серена Вилијамс – Барбара Стрицова.

За Романката ова е прво финале во кариерата на Вимблдон, а досега има само еден гренслем-трофеј и тоа пред една година во Париз на Роланд Гарос.