Ролан Гарос доби нов терен (ФОТО)

Организаторот на вториот гренслем турнир во сезоната го зголеми наградниот фонд, а потоа соопшти ека е отворен нов терен, кој ќе биде користен годинава.

Организаторите на Отвореното првенство на Франција соопштија дека вкупниот награден фонд е зголемен за осум проценти, а беше отворен и нов терен, кој се нарекува по името на поранешната шампионка Симона Матје.

Новиот терен може да прими 5.000 навивачи, а тој е само еден во низата, кои треба допрва да бидат изградени.

Веднаш по завршувањето на минатосезонскиот Ролан Гарос почнаа со реконструкција на стадионот „Филип Шатрие“, кој беше урнат до темел, а потоа ќе биде изграден нов.