Реакцијата на Џазири кога го доби Ѓоковиќ за ривал во Дубаи (ФОТО)

Денеска беше извршена ждрепката за 1.коло на турнирот во Дубаи од серијата 500. Новак Ѓоковиќ како прв носител во премиерниот меч ќе ги одмери силите со Малек Џазири од Тунис. 

Реакцијата на Џазири кога ја виде ждрепката беше непроценлива. Тој веднаш се фати за глава, а целата сала се изнасмеа. 

Тунижанецот во Дубаи настапува со вајлд-карта. Тој се враќа од повреда и моментално се наоѓа на 259-тото место на АТП ранг-листата. Тешко дека ќе успее да го подобри ранкингот против четирикратниот освојувач на турнирот во Дубаи и моментално најдобриот тенисер во светот.

ОВА Е ЦЕЛОСНАТА ЖДРЕПКА ЗА 1.КОЛО