Раониќ со остри критики го нападна Ѓоковиќ: Дали е дозволено ова што го прави?!

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, го налути Милош Раониќ во третиот сет од четвртфиналето на Австралија опен. Србинот во финалниот сет при резултат 4-4 побара пауза поради проблеми со видот.

Ѓоковиќ побара нови контактни леќи и едно од момчињата кое што собираше топки истрча да му ги донесе, но веднаш по него во соблекувалната замина и Србинот. Поради тоа, Раониќ беше изреволтиран и започна да протестира кај судијата, бидејќи сметаше дека Ѓоковиќ можеше да почека за уште еден гем, кога воедно беше предвидена и пауза.

Дали е дозволено ова што го прави? Зар не можеше да почека? Ова е ср*ње, не е во ред, извикуваше канадскиот тенисер пред судијата.