Рафаел Надал загуби само два гема на два меча во еден ден

Рафаел Надал експресно ги мина втората и третата рунда на мастерсот во Рим и тоа во еден ден. Шпанецот како еден од најголемите фаворити за трофејот го прескокна првото коло, а во следните два меча, што ги одигра денеска едвај се испоти. 

Дождот вчера направи хаос па тенисерите денска мораа да играат и два меча. Прво набрзина го преслуша Жереми Шарди со 6-0 и 6-1, а денеска со истиот резултат го победи и Николоз Басилашвили со тоа што во првиот сет загуби еден гем, а вториот го доби со максимални 6-0.

Во четвртфиналето утре Надал ќе се сретне со својот сонародник Фернандо Вердаско.