Радукану за милионите кои ги освои во Њујорк: Ќе им ги дадам на родителите за да ги чуваат

Младата тенисерка Ема Радукану на сензационален начин го освои Ју-Ес Опен и кажа дека уште не знае што ќе прави со парите кои ги заработила со победата во Њујорк.

Радукау заработи околу два милиона евра, а своите пари ќе им ги даде на родители кои ќе се грижат за нив.

„Ќе им ги оставам на родителите. Тие можат да ги чуваат за мене. Не бев во шопинг досега. Ќе морам да платам и многу даноци. Сепак, уште не сум ја видела мојата сметка во банка“, вели Радукану.

Радукану ги изненади сите и успеа да го освои трофејот на Ју-Ес опен, па сега на младата тенисерка ѝ се предвидува голема кариера.