Прва сензација на Роланд Гарос: Тинејџерка ја елиминира ланската шампионка!

Прва голема сензација се случи на вториот годинешен гренслем турнир Роланд Гарос во Париз и тоа во женска конкуренција, откако експресна елиминација доживеа ланската победничка и бранителка на трофејот Барбора Крејчикова.

Тинејџерката Диан Пари, која има 19 години направи спектакуларен пресврт и тоа откако го загуби убедливо првиот сет со само еден освоен гем, 1-6, но ги доби следните два со пет загубени гемови за конечен триумф и сензација.

Пари славеше со 62- во вториот, а со 6-3 во третиот сет и на тој начин стана најниско рангираната тенисерка која успеала да победи втора носителка во Париз во последнава деценија. Во 2011 година, Рус како 114-та на ВТА листата ја победи и ја елиминира Белгијката Ким Клајстерс.