Познати резултати од прегледот на Надал - има скинат мускул!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал утрово мораше да оди на медицински прегледи, кои покажаа дека за време на дуелот против Тејлор Фриц заработил сериозна повреда, односно скинат мускул на стомакот.

„Марка“ пишува дека Надал сака да игра в петок против Ник Кирјос во полуфиналето на Вимблдон, иако има повреда и сè уште не одржал тренинг.

Надал бараше медицински тајм-аут за време на вториот сет против Фриц, иако неговиот татко бараше да го предаде мечот, по што Шпанецот се врати и со пресврт славеше во дуелот.

„Се борев и покрај повредата, покажав борбен дух и дека можам да бидам конкурентен под такви услови“, кажа Надал.