Познат шпански тенисер обвинет за местење натпревари

Фелисијано Лопес, кој во минатото беше 12-ти на АТП ранг-листата заедно со неговиот партнер во двојки Марк Лопез се обивнети за местење на тениски меч.

Наводно, двоецот е под истрага поради поразот во првото коло на Вимблдон во 2017 година, кога загубија од Џон Патрик Смит и Мет Рид со 3-6, 7-6, 6-2 и 6-4. Ова е само продолжување на истрагата во Шпанија, по која беа упасени неколку поранешни и сегашни фудбалери поради месетење натпревари.

Полицијата пресретнала телефонски разговор на Раул Браво и Карлос Аранда, како охрабруваат друго лице да се обложи на пораз на Фелисијано и Марк Лопез во 1.коло на Вимблдон. 

„Имам потреба дека е екстремно важно да излезам пред вас и категорично да ги негирам сите обвинувања за местење мечеви. За жал, сите тенисери се јавни личности и постои ризик некои луѓе да ги користат нашите имиња во негативна смисла. Ќе направам се што е во моја моќ за да се одбранам од овие обвинувања, изјави Фелисијано Лопез.