Повредата го „уништи“ Надал, Чилиќ се пласираше во полуфинале на АО!

Денес се одигра четвртфиналниот дуел од првиот гренслем-турнир во годината помеѓу Рафаел Надал и Марин Чилиќ, а до победа стигна Хрватот откако Шпанецот мораше да го предаде мечот поради повреда.

Голема битка се водеше во Мелбурн помеѓу двата одлични тенисери. Рафа беше подобар во првиот сет со 6-3, но во наредниот сет Хрватот врати со иста мера(6-3) и го израмни резултатот. Во третиот сет беше видена голема борба, а Надал некако успеа да направи мини брејк и со 7-6(7-5) во тај-брејкот го освои третиот сет.

Во четвртиот сет беше видена комплетна доминација на Хрватот, кој без поголеми проблеми успеа да го освои сетот со 6-2.  Во последниот сет при водство од 2-0 во гемови, Надал се пожали на повреда, а по лекарската интервенција, тој не можеше да го продолжи натпреварот и мораше да се откаже. Шпанецот беше видно разочаран откако го предаде натпреварот, а тоа го покажува неговата реакција.

Во полуфинале хрватскиот тенисер Марин Чилиќ ќе игра против Едмунд и така ќе се бори за пласман во големото финале.