Поранешниот рекет број 1: Што му требаше на Ѓоковиќ овој турнир, зар нема доволно пари?

Откако „Адрија тур“ беше откажан откако тестирањето на Григор Димитров и Новак Ѓоковиќ се потврди како позитивно за коронавирусот, многу познати личности од тенискиот свет го дадоа своето мислење за целата ситуацијата.

Во интервју за романските медиуми, легендарниот тенисер и поранешен светски рекет број еден, Илие Настасе, го коментираше откажувањето на Јадранската турнеја и го критикуваше Новак Ѓоковиќ.

Новак знаеше многу добро каков ризик презема со организирањето на ваков турнир. Тој мислеше дека сите се глупави. Само тој беше паметен и тоа е она што се случи. Ако сите навистина ги следеа правилата како што велат, тогаш знаеја дека можат да се заразат со овој опасен вирус. Секако, оние што не ги следат правилата, заслужуваат да ја платат цената за тоа. Што му требаше на Ѓоковиќ за организација на овој турнир, зарем нема доволно пари? Целиот турнир беше бескорисен, истакна Настасе.