Поради семејна трагедија младата Американка го откажа настапот на САД Опен (ФОТО)

Една од најталентираните тенисерки во светот, Аманда Анисимова, поради смртта на својот татко го откажа настапот на грен слем турнирот САД Опен.

Безживотното тело на Константин Анисимов, кој воедно и беше и тренер, е пронајдено во вчера, а се уште не е позната причината за неговата смрт.

Инаку, Аманда ова семејна трагедија и се случи 11 дена откако стана полнолетна. Американката со руски корени е најмладата тенисерка во ТОП 100 листата на ВТА, а моментно се наоѓа на 24 место.

Пораки за сочуство и испратија голем број на тениски ѕвезди, меѓу кои и Марија Шарапова и Ник Кирјос.