Поради измамникот Циципас се воведуваат нови правила во тенисот!

Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) планира заострување на правилата поврзани со лекарските пауза, како и со заминувањето во тоалет за време на мечевите.

Оваа тема стана актуелна поради постапките на Стефанос Циципас, особено на „Ју-Ес Опен“, каде што во повеќе дуели користеше долги паузи, особено во моменти кога губеше. Енди Мареј по поразот во првото коло го обвини Гркот за кршење на правилата и дека често оди во тоалет само за да се консултира со својот татко, кој воедно му е и тренер.

Циципас се бранеше дека не постои ограничување на бројот заминувања во тоалет ниту за времето кое може да се задржи таму, нешто што АТП сега сака да го промени. Се најавува воведување остри правила, со цел во иднина да нема злоупотреба на тоа што досега беше многу ретко користено.