Почина тениска легенда: Двократен освојувач на Вимблдон ја загуби битката со ракот

На 64-годишна возраст почина поранешниот тенисер Питер Мекнамара по тешко боледување. 

Австралиецот ја загуби битката со ракот, а во светот на тенисот ќе биде запаметен како еден од најдобрите играчи во двојки. Своевремено беше седми тенисер на светот, но вистинските успеси ги имаше во двојки.

Три пати освојуваше грен-слем трофеи во двојки, два на Вимблдон и еден на Ју-Ес Опен. Вкупно во кариерата освои 19 трофеи. По завршувањето на кариерата, работеше и како тренер. Соработуваше со Марк Филипузис и Григор Димитров.