По шампионското враќање на Федерер: Веќе имав смислено изјава за поразот!

Третиот светски рекет, Швајцарецот Роже Федерер, со неверојатен пресврт против Џон Милман се пласираше во осминафиналето на Австралија опен.

Дуелот на Федерер и домашниот тенисер Милман траеше повеќе од четири часа, а чудно е што Швајцарецот излезе како победник. Тој покажа каков шампион е, па и покрај тоа што губеше со 8-4 во супер тај-брејкот (ново правило, кој се игра до 10), успеа да врзе шест поени и да оствари голема победа. Како и секогаш, Швајцарецот беше скромен по натпреварот.

Мислам дека Џон одигра одличен натпревар. Можеше тој да биде во осминафиналето. Тој е одличен борец и добар човек. Имав малку среќа на крајот. Веќе подготвив изјава за медиумите што се случи на овој натпревар и зошто изгубив, истакна секогаш оригиналниот Федерер.