По Федерер и Надал и Ѓоковиќ ја доби двојната програма во Рим

Новак Ѓоковиќ е во четвртфиналето на мастерсот во Рим, откако и тој денеска оствари две победи. 

Србинот денеска најпрво го совлада Денис Шаповалов со 6-1 и 6-3, а вечерва беше убедлив и против Филип Колшрајбер. Ѓоковиќ славеше со 6-3 и 6-0.

За место во полуфиналето ќе игра со Хуан Мартин дел Потро.