По 24 години Федерер се разделува од Најк!

Роџер Федерер би можел по долги години да го замени својот спонзор на спортска опрема Најк со јапонската фирма Уникло.

Федерер со американската компанија Најк потпиша договор од пред повеќе од две децении, поточно во 1994 година.

Последниот договор помеѓу двете страни беше потпишан во 2008 година на десет години во вредност од 100 милиони долари, а сега најверојатно најдобриот тенисер на сите времиња би можел да има нов спонзор.

Роџер би требало да потпише десетгодишен договор со јапонскиот производител во вредност од 30 милиони долари годишно, односно вкупно 300 милиони долари.

Проблемот кој би настанал со оваа соработка е тој дека Уникло не произведува патики за тенис, па така Федерер би морал да најде и нов спонзор за тој дел од својата опрема.

Интересно е дека логото на Федерер „РФ“ го поседува токму Најк, па доколку ја напушти таа компанија или ќе мора да ги откупи правата на сопственото лого или да замине без него.