Плишкова ја „згази“ Вилијамс на отворањето на ВТА-финалето

Каролина Плишкова прва направи чекор кон највисок пласман на завршницата на ВТА-турнеата, во Сингапур.

Чешката тенисерка ја совлада Венус Вилијамс во два сета, за 70-тина минути, освојувајќи ги првите поени во походот кон полуфиналето. Во првиот сет Венус успеа еднаш да го освои сетот на противничката, но трипати го загуби, па сетот заврши со 6-2. Ист резултат важеше и на крајот на вториот сет, само што овој пат Американката беше уште поинфериорна.

Турнирот во Сингапур е пресметка меѓу најдобрите осум тенисерки во годината, по принципот на АТП мастерс-финалето кај мажите. Поделени се во две групи со по четири тенисерки, а покрај Плишкова и Венус Вилијамс, во „белата“ група се и Гарбиње Мугуруса и Јелена Остапенко. Во „црвената“ група се Симона Халеп, Каролине Вознијацки, Елина Свитолина и Каролин Гарсија.