План за спас на турнирите: Синсинати и Ју-Ес Опен ќе се играат во Њујорк?

Тенискиот сојуз на САД се обидува да ги спаси двата најголеми настани кај нив од пандемијата на Ковид-19, па така во Њујорк може да се одржи „двојна програма“. Прво треба да се одигра Мастерсот во Синсинати, а потоа и Ју-Ес опен.

Ваков потег би им овозможило на сите тенисери надвор од САД да останат на едно место, со што ќе се создадат победзбедни услови за натпреварувачите.

Синсинати е закажан за период од 17 до 23 август, а веднаш потоа Ју-Ес Опен, кој треба да почне од 31 август и да заврши на 13 септември.

Конечната одлука за тоа дали овие два турнири ќе се одиграат во Њујорк еден по друг ќе ја донесе тениската федерација на САД до крајот на јуни.