Пике слави: Новиот Дејвис Куп ќе има поддршка и од Меси

Формирањето на „новиот“ Дејвис Куп привлече огромно внимание во спортската јавност, поради тоа  што е поттикнат од лице кое што не е дел од тенисот - Жерард Пике. Имено еден од основачите на компанијата „Космос“ е главниот реформатор на Дејвис Купот, а Пике сега добива поддршка и од клупскиот колега - Лионел Меси. 

Пике презадоволен од тоа што еден од најдобрите фудбалери на денешницата го поддржа неговиот проект, па веднаш им се обрати на медиумите.

„Лео знае многу повеќе од другите бидејки е дел од компанијата „Космос''. Тој е нашиот партнер, дел од Космос фамилијата и многу го сака тенисот. Го познавам откако е дел од Барса, секој момент го споделувам со него, сакаше да биде дел од ова“, изјави задоволниот Пике.