„Петмина ме врзаа толку силно, што после таа ноќ ми заврши кариерата“

Поранешната руска тенисерка Ана Чакветадзе пред 13 години беше петта најдобра светска тенисерка, многумина ѝ предвидуваа дека брзо ќе г освои и врвот на ВТА, но од сето тоа не се случи ништо, поради една кобна и хорор ноќ во Москва, по која Русинката практично – ја заврши кариерата.

Чакветадзе на 20 години освои два трофеи од ВТА-турнирите, стигна до четвртфиналиња на Австралија опен и Роланд Гарос, играше полуфинале на УС-опен и потоа дојде кобниот 17 декември 2007 година, когната ноќ по која никогаш повеќе Ана не заигра на ниво. Кошмарната ноќ се случи експресно откако се врати од турнир од Белгија во руската престолнина, а потоа следувал хоророт кој го доживеала со семејството.

„Бевме сите уморни, па заминавме на спиење и одеднаш околу три наутро се разбудив. Видов како петмина мажи се мотаат околу нашата куќа. Имаа маски и темни одела“, почнува да ја раскажува Ана кошмарната ноќ.

„Одеднаш само случнав врисок од другата соба. Знаев дека е мојот татко и веднаш ме фати паника. Тогаш помислив дека тука е крајот на нашите животи. Тие крадци беа воодужени со пиштоли и ножеви. Му се закануваа на мојот татко, а јас се обидов да избегам, но ме фатија“, додава Ана.

Следеле моменти кои не може да ги избрише од главата, а целиот тој кошмар практично влијаеше после само неколку години од случката да стави крај на кариерата.

„Кога ме фатија, така силно ме врзаа, што рацете ме болеа со денови. Моите родители ги присилија да го отворат сефот и украдоа сè што имаше во него. Потоа татко ми заврши на операција, бидејќи му го скршија рамото. Мислам дека грабежот го планирале со денови, а особено откако виделе дека освоив скапоцен Ролекс во Белгија“, додава Ана.

Во 2011 година откако колабираше на теренот во пресметката со Каролине Вознијацки стави крај на кариерата, ама таа никогаш не беше ни приближно до тоа што Чакветадзе го играше до кобната ноќ. После таа случка, сè беше повеќе мачење, ама некако се одржуваше во топ десет на ВТА:

„Мојата кариера практично заврши таа кобна ноќ. После тоа не можев повеќе д играм нормално тенис. Можеше да биде и полошо, јас сум благодарна што после таа ноќ останавме живи. Кој знае каква ќе ми беше кариерата ако не се случеше тоа, ама...“, завршува Ана.

Таа сега работи како телевизиска аналитичарка на мечевите во женскиот тенис.