Павличенкова и Рубљов освоија злато во мешани двојки во Токио

Анастасија Павличенкова и Андреј Рубљов триумфираа против нивните сонародници Елена Веснина и Аслан Карацев во финалето на тенискиот турнир во мешани двојки на Олимписките игри во Токио.

Рубљов и Павличенкова го освоија првиот сет со 6-3, по што во тај-брејк во следниот сет Карацев и Веснина израмнија на 1-1.

Во последниот сет се водеше голема борба меѓу тенисерите и тенисерките, но сепак со 13-11 триумфираа Павличенкова и Рубљов.