Оскаровка остана без здив од мајсториите на Ѓоковиќ и Дел Потро во Њујорк! (ВИДЕО)

Завчерашната победата на Новак Ѓоковиќ над Хуан-Мартин дел Потро во финалето на „Ју-Ес Опен“ беше во чисти три сета, но тоа не значеше дека борбата за титула мина без голема борба и фантастични поени.

Колку возбудлив беше овој дуел на најдобар начин го презентира една од најдобрите актерки на сите времиња, Мерил Стрип, која беше на трибините на „Флешинг Медоуз“ во Њујорк. Таа внимателно следеше сѐ што се случува навивајќи за Србинот, а во еден момент буквално остана без здих по една прекрасна размена на удари, кои завршија во корист на неговиот ривал.

Реакцијата беше бесценета и „фатена“ во телевизискиот пренос.