Организаторите на Ролан Гарос прават радикални промени од 2020 година

Рафаел Надал ја освои 12. титула на Ролан Гарос, но организаторите имаа големи проблеми со временските услови, па поради тоа решија да преземат драстични мерки.

Организаторите на вториот гренслем-турнир во сезонаата соопштија дека од 2020 година централниот терен „Филип Шатрие“ ќе добие кров, нешто што беше и претходно планирано, не не беше реализирано.

Се очекува почеток на изградбата на почетокот на септември, а истата ќе заврши во февруари следната година.

Исто така, се очекува за две години на Ролан Гарос да се гледаат првите вечерни натпревари, па нема сомнеж дека гледачите во Париз ќе имаат дополнителни причини за уживање.