„Око соколово“ во режија на скандалозниот Пер (ФОТО)

Не може да мине ниту еден тениски меч без скандал кога настапува Беноа Пер, зашто тој направи проблем и на Мастерсот во Рим, каде што беше елиминиран во првото коло.

При резултат 3-3 и 15-15 во првиот сет Пер сервираше и топчето заврши во аут, но тенисерот го повика судијата да провери, кој потврди дека Французинот го загубил поенот.

Тоа го налути Пер, кој замина по неговиот телефон и ја сликаше трагата од топчето за да му докаже на судијата дека не постои никаков аут.

Судијата не сакаше да го прифати неговото мислење, па Французинот кажа дека ќе се жали по натпреварот.