Очекувано: Ѓоковиќ и Халеп прогласени за тенисери на 2018 година

Интернационалната тениска федерација (ИТФ) ги прогласи Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп за најдобри тенисери во 2018 година. 

Двајцата ја завршија годината на првото место на АТП-листата и ВТА-листата. Србинот имаше фантастичен кам-бек годинава откако го оперираше лактот и ги освои грен-слем трофеите на Вимблдон и УС Опен. По шести пат во кариерата е прогласен за тенисер на годината од ИТФ.

„Навистина сум горд на ова признание поради низ се што минав оваа година, но дел од мене знаеше дека можам да се вратам на врвот“, изјави Ѓоковиќ.

Симона Халеп оваа година го освои трофејот на Ролан Гарос, но не настапи на завршниот Мастерс турнир поради проблеми со грбот.

„Ова признание навистина специјално и ми дава екстра мотивација да работам уште понапорно и следната сезона“, рече Романката.