Обложувач и се заканувал на српска тенисерка: Умри будало! (ФОТО)

Заканите кон тенисерите и тенисерките станаа вообичаена појава по последно време, а со такво сценарио се соочи и Србинката Александра Круниќ по победата во Бастад (Шведска).

Круниќ на својот Инстаграм - профил добила застрашувачка порака од некој анонимен профил, кој и посакал да умре, а воедно ја нарекувал и со грди имиња (будала).

Сите играчи добиваат слични пораки, токму сега зборувавме со Данка (Ковиниќ) за тоа. Поради тоа, понекогаш тенисерките се споредуваат со тоа кој што и „посакал“, изјави Круник за српски „Спорт клуб“.

 

 

Србинката е свесна на тоа дека не може ништо да направи кога е се во прашање пораките кои ги добива од непосакуваните обложувачи.

Не можам ништо да направам. Ние тоа треба да го пријавиме во Единицата за интергритет во тенисот (ТИУ), особено ако некој ни се заканува. Сепак, не верувам дека многу нешта ќе се променат, луѓето се обложуваат, зависни се од тоа и затоа имаат сериозни проблеми. Тоа се луѓе на кои им е сеедно дали нивната порака некого ќе повреди или не, додаде Круниќ.