Објекти на Ју-Ес опен ќе се пренаменат во болница

Некои објекти на тенискиот центар на Ју-Ес опен во Њујорк ќе бидат пренаменети во привремена болница со капацитет од 350 кревети за време на пандемијата на Ковид-19.

Тенискиот сојуза на САД соопшти дека од денеска затворениот терен во центарот, „Били Џин Кинг“ ќе биде болница, додека во кујната на теренот „Луј Армстронг“ дневно ќе се произведуваат 25.000 пакети храна за пациенти, работници, волонтери и ученици во градот.

Првичната одлука беше тенискиот центар да остане отворен за јавноста, но по влошување на состојбата, веднаш беше променета одлуката.