Нови случаи на ковид-19 пред Австралија опен – дури 1.000 ставени во изолација!

Додека тенисерите одбројуваат до завршувањето на нивниот двонеделен карантин во Австралија од доаѓањето за првиот годинешен гренслем турнир, нови проблеми има кај организаторот на тенискиот турнир зашто се појавија нови заразени од ковид-19 и скоро илјада луѓе поврзани со организацијата се ставени во – изолација.

Откако дојдоа тенисер(к)ите, досега само еден склучај е забележан од ковид-19, а веќе нови четири случаи се пријавени од државните власти. Првиот е маж на 20-на години, кој не е тенисер, а другите тројца исто така го имаат вирусот и тоа мутираниот сој од Велика Британија, кој според сите здравствени институции е екстремно заразен.

Сите тие дошле во Мелбурн со специјален чартер за Австралија опен пред десет дена, а оттогаш во следните неколку дена им е откриен вирусот и се во изолација, но деветте активни случаи во моментов предизвикале уште 970 други луѓе да завршат во изолација поради контакти.

Сите овие информации ги објави угледниот британски весник „Гардијан“.