Нова ера во тенисот - на Австралиан опен се менува едно од најстарите правила!

Правилата на првиот Гренд слем во сезоната, Австралијан опен, наскоро ќе бидат променети.

Досега во петтиот сет, на машкиот турнир, немаше тај-брејк по резултат 6-6 и се играше на разлика. Сега тоа ќе се смени, па по изедначената борба ќе се игра супертај-брејк. Тоа значи дека, за да го освојат одлучувачкиот гејм, тенисерите ќе мора да освојат десет поени, а на седум како што беше досега.

Ова правило постои на некои турнири во конкуренција на двојки, каде тенисерите целиот трет сет го играат во супертај -брејк. Постојат најави дека новото правило би можело да се примени веќе во 2019 година, но нема официјална потврда. Поверојатно е правилото следната година да се тестира на помалите турнири, а во Мелбурн да стапи на сила во 2020 година.