Ниту Меси, ниту Роналдо: Роже Федерер е најплатениот спортист во 2019 година!

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер е најплатениот активен спортист во светот за 2020 година, објави денеска магазинот „Форбс“.

Во последните 12 месеци Федерер заработил 106.3 милиони долари, од кои дури 100 милиони долари од спонзори, вклучувајќи ги „Барила“, „Моет“ и „Кандон“, „Римова“, „Ролекс“, „Кредит Свис“ и „Мерцедес-Бенз“.

Федерер е првиот тенисер кој стана најплатен спортист во светот на годишниот список на „Форбс“, кој е објавен во последните 30 години.

На второ место е фудбалерот Кристијано Роналдо (105 милиони - 45 милиони долари од спонзори, додека на третото место се наоѓа уште еден фудбалер - Лионел Меси (104 милиони - 32 милиони од спонзори). Потоа следува бразилскиот репрезентативец Нејмар (95,5 милиони - 25 милиони од спонзори), а на петтото место е кошаркарската ѕвезда во НБА, Леброн Џејмс (88, 2 милиони - 60 милиони од спонзори).

Кога се во прашање дамите, најплатени се јапонската тенисерка Наоми Осака (37,4 милиони долари) и американската тенисерка Серена Вилијамс (36 милиони долари).