Нишикори го изненади Федерер на стартот на турнирот во Лондон

Роџер Федерер денеска беше изненаден од Кеи Нишикори, кој одигра фантастичен дуел и го порази Швајцарецот со 2-0 во сетови.

Натпреварот беше неизвесен од самиот почеток, па ниту еден од тенисерите не стигна до брејк-топка во првиот сет, но затоа во тај-брејкот поуспешен беше Јапонецот со 7-4.

Во вториот сет Федерер тргна многу подобро, па направи веднаш брејк на противничкиот сервис. Сепак, Нишикори се врати во игра во следниот гем и потоа заигра многу подобро, па стигна и до уште еден брејк за 2-4, кој го искористи и на крајот славеше со 6-3.