Неуспешно враќање на Мареј: Гаске се пласираше во следно коло на Синсинати

Енди Мареј немаше успешно враќање на тениските терени во сингл-конкуренција, откако денеска загуби со 0-2, односно 4-6 и 4-6 против Ришар Гаске во Синсинати.

Гаске му го одзема првиот сервис на Мареј во првиот сет, по што тој успеа да се врати со брејк во четвртиот гем и израмни на 2-2. Сепак, Гаске беше многу подобар во продолжението и направи уште еден брејк, кој беше доволен за 6-4 во првиот сет.

Во вториот сет слична ситуација како во првиот, Гаске веднаш направи брејк на противнички сервис за водство од 1-0, по што ја одржуваше предноста и ги постави конечните 6-4.