Не е потребна вакцина за Вимблдон: Ѓоковиќ ќе ја брани титулата

„Дејли Мејл“ објави дека во Англија не постои план за рестрикции за тенисерите и тенисерките кои планираат да настапат на турнирот во Вимблдон, па така српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата.

Освојувачот на 20 гренслем титули, Ѓоковиќ јасно кажа дека не е вакциниран и поради тоа имаше проблеми во Австралија, но со такви главоболки нема да се соочи во Англија.

Најдобриот тенисер во светот дури шест пати го освои Вимблдон, а лани славеше против Матео Беретини и се закити со нова титула.

Турнирот во Лондон се игра од 27 јуни до 10 јули.