Не е од оваа планета: Федерер со магичен потег ги зачуди фановите (ВИДЕО)

Роџер Федерер за многумина е најдобриот тенисер во историјата на спортот, па тие сметаат дека тешко ќе се појави некој кој ќе има елегантен стил на игра, каков што има легендарниот Швајцарец.

По четири години пауза Федерер реши да заигра на Ролан Гарос, а веќе неколку дена тренира на земјениот терен во Париз.

Еден од последните негови тренинзи го одбележа генијалниот потег, со кој Швајцарецот ги воодушеви љубителите на тенисот.

Тој тренираше со Диего Шварцман, а откако Аргентинецот го врати топчето по сервисот, Федерер го „залепи“ топчето на рекетот.