Најубавата тенисерка ќе го остави рекетот – поинтересно и е провокативно да се слика?!

Канадската тенисерка Ежени Бушар е една од најубавите во белиот спорт, која во последно време воопшто и не се труди да се врати на позициите каде што најави блескава кариера пред само пет години.

Бушар пред пет години беше финалистка на Вимблдон и Роланд Гарос, стигна до петтото место на ВТА-листата, сè изгледаше дека има блескава иднина во која ќе освојува пехари, гренслемови, дури и дека може брзо да стане и женски тениски светски рекорд. Арно ама, од тоа достигнување на врвот во кариерата дотогаш, веројатно ќе остане нејзин најголем дострел.

Бушар наместо по настапите, светот ја запамети по разголените фотографии, провикативните слики по социјалните мрежи, честите одмори на егзотични места, сликањето за „Спортс Илустрејтед“... После финалињата на Вимблдон и Роланд Гарос, најголем успех и беше четвртфинале на австралија опен во 2016.

И сега Бушар размислува да си оди во тениска пензија, па повеќе да се посвети на сликите и провокативните фотографии, кои секојдневно ги објавува по социјалните мрежи. Веќе неколку меидуми најавија дека таа сериозно размислува да се повлече. Причина, поразот во првото коло од квалификациите во Мајами, по што ги откажала сите турнири.

Тоа било знак дека веројатно нема намера повеќе да игра тенис, кога може постојано да се слика на радост на машкиот дел од следбениците на социјалните мрежи.