Најголемата македонска надеж се „сопна“ на првата пречка на Австралија опен!

Нашиот најталентиран тенисер во моментов, Калин Ивановски, не успеа да ги повтори игрите од ланскиот „Вимблдон“, кога со фантастичните игри ги разгали домашните спортски вљубеници, откако ноќеска, по голема борба, потклекна уште во првата рунда од јуниорскиот Австралија опен во Мелбурн.

Македонецот беше поставен како десетти носител, но не ја оправда фаворитската улога бидејќи беше поразен во пресметката со Русино Јарослав Демин (6-7, 5-7). Првиот сет беше максимално изедначен, па противникот на Калин го доби дури по тај-брејк со 7-3.

Во вториот, Демин почна со брејк и поведе со 4-1, но Ивановски врати со освоен сервис на противникот за да изедначи на 4-4. Но, тоа како да му ги одзеде силите, па во последниот гем од мечот дозволи нов брејк иако имаше водство 40-15 и две топки за изедначување во сетот и решавачки тајбрејк.