Најдобриот лесно: Десетто финале за Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим!

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се пласира во утрешното големо финале на Мастерсот во Рим, откако денеска, релативно лесно, го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 2-0 во сетови.

Младиот противник даде силен отпор само во првиот сет, во кој имаше 5-3, но Србинот потоа заигра многу подобро, па со два брејка по ред дојде до пресврт и 7-5 за првиот сет. Вториот, пак, го доби на рутина, со што по десетти пат се пласира во пресметката за трофеј на овој турнир.

Негов противник ќе биде подобриот од второто полуфинале помеѓу Денис Шаповалов и Диего Шварцман.