Надал во четвртфинале и личен рекорд со 18 победи по ред на гренслемите!

Најтрофејниот светски тенисер Рафаел Надал за помалку од два ипол часа и во три сета го победи Ботик Ван де Зандшулп во три сета за да дојде до 18-та победа во низа на гренслем турнирите и со тоа да постави свој личен рекорд, па обезбеди четвртфинале на Вилблдон.

Надал веќе освои два гренслемови годинава, Австралија опен и својот најомилен Роланд Гарос, па сега дојде чекор поблизу во атакот за „златен гренслем“ и продолжување на освојувачкиот поход во оваа година.

Брзопотезно Шпанецот ги освои воведните два сета во кои на 21-во рангираниот Холанѓанец му дозволи само еден брејк, па славеше прво со 6-4, па со 6-2, за дури во третиот сет Надал да се помачи за да го освои, а му требаше час и осум минути и тајбрејк за да стигне до конечната победа.

Инаку Надал има 18 победи во низа започнати со седумте триумфи во Мелбурн, па со уште седум во Париз при освојувањето на првите два годинешни гренслемови, а досега на „Ол Ингланд Клубот“ оствари четири.

Тејлор Фриц е следниот ривал на Надал за полуфинале на најпрестижниот тениски турнир.